ИСХРАНА
Планови за исхрана
Генерални
Планови за исхрана
Со нашите генерални планови за исхрана ќе откриеш едноставен и практичен начин до здрава исхрана. Овој 7-дневен план со дневен енергетски внес од 2000 калории е идеален за секого што бара лесен и ефективен начин да започни со поздрави навики.
Персонализирани
Планови за исхрана
Постигни ги твоите фитнес цели со план за исхрана креиран само за твоите потреби. Ако посакуваш да изградиш мускулна маса, да ја зголемиш енергијата или да ја контролираш тежината, нашите персонализирани планови ветуваат долготрајни резултати.
Запознај го нашиот нутриционист
Јас сум посветен дипломиран нутриционист, сертифициран спортски нутриционист и прехранбен технолог. Дипломирав на Технолошко-технички факултет во Велес, каде се издвоив како студент на генерацијата благодарение на највисоките академски достигнувања. Во текот на моите студии имав одлична можност...

Пресметај кардиоваскуларен ризик
Нашиот калкулатор за кардиоваскуларен ризик ти овозможува брза и едноставна проценка врз основа на фактори како пол, тежина, висина, обем на струк и колкови. BMI (Индекс на телесна маса), WHR (Сооднос струк-колкови) и WHtR (Сооднос струк-висина) се научно прифатени методи кои успешно помагаат во проценка на срцевото здравје, иако не земаат во предвид фактори како пушење, процент на мускулна маса, крвни тестови или физичка активност.
Калкулаторот е информативен и не заменува консултација со доктор, но е одличен прв чекор за да станете посвесни за вашето здравје. Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност глобално, но многу ризик фактори се под ваша контрола! Со мали, свесни промени како балансирана исхрана и редовна физичка активност, можете да го зајакнете срцето и да го подобрите квалитетот на живот. Започнете со мали чекори денес — вашето срце ќе ви биде благодарно! ❤️
Калкулатор за кардиоваскуларен ризик
Резултати
Индекс на телесни масти (BMI) -
Сооднос струк-колкови (WHR) -
Сооднос струк-висина (WHtR) -