Кои сме ние?

ЕМИЛИЈА

Спортски нутриционист

Јас сум посветен дипломиран нутриционист, сертифициран спортски нутриционист и прехранбен технолог. Дипломирав на Технолошко-технички факултет во Велес, каде се издвоив како студент на генерацијата благодарение на највисоките академски достигнувања. Во текот на моите студии имав одлична можност да студирам и на Факултетот за Прехранбена Технологија и Биотехнологија во Загреб, каде што значително ги унапредив своите знаења и експертиза. Пристапот до високо-развиени лаборатории ми овозможи да спроведам истражување за влијанието на времето на складирање врз овошни напитоци од овча сурутка, кое резултираше со објавување на научен труд во престижно научно списание, во соработка со професори од Универзитетот во Загреб и Универзитетот во Викторија.

По завршувањето на моите студии, мојата страст за наука ме мотивираше да го продлабочам знаењето за улогата на исхраната во спортскиот перформанс. Преку специјализираната обука за Исхрана, Фитнес и Спорт, организирана од Универзитетот во Вагенинген, се здобив со титулата сертифициран спортски нутриционист, со што се оствари мојата долгогодишна желба за оваа специјализација.

Денес, како дел од тимот на Атлит Про, мој главен фокус е да придонесам кон вашето здравје и среќа. Моја, а воедно и визија на Атлит Про е да ја развиеме желбата за спорт и здрава исхрана меѓу луѓето, особено младата популација, подигнувајќи ја свеста за важноста на здравиот начин на живот.

БОЈАН

Фитнес тренер

Моето спортско патување започна на седумгодишна возраст, кога првпат зачекорив во гимнастичката сала. Под водство на искусни тренери развив силна техничка основа, совладував статички позиции и градев дисциплина неопходна за еден спортист. Учеството на различни натпревари и освоените награди од Македонската гимнастичка федерација беа цврста основа за моите идни достигнувања.

На четиринаесетгодишна возраст, мојата страст кон спортот се прошири со откривањето на калистениката. Учествувајќи на натпревари и во Македонија и во странство, освојував бројни медали кои ми беа постојана мотивација да продолжам да напредувам и да ги поместувам сопствените граници.

Денес, горд сум што сум повеќекратен национален шампион во калистеника за 2019, 2021, 2022 и 2024 година, како и апсолутен победник на националниот стрит лифтинг натпревар во Ниш, Србија.

Од 2023 година, имам лиценца за бодибилдинг и фитнес тренер, како и за персонален тренер по калистеника. Дополнително, работам како инструктор за HIIT групни тренинзи. Мој приоритет секогаш се клиентите, а мојата цел е да креирам персонализирани и ефикасни тренинг-програми кои ќе ве водат на секој чекор од вашето фитнес патување.

Нашата Мисија

Нашата мисија е да ги насочиме младите кон поздрав начин на живот, вградувајќи позитивни навики што водат до јасни и значајни животни цели. Нудиме поддршка во развивањето на здрави навики во исхраната и усовршувањето на ефективни тренинг техники. Заедно ќе постигнеме повеќе отколку што си замислувал/а.

Веруваме дека исполнетиот живот започнува со грижа за себе. Нашата визија е Битола да прерасне во град на спортисти, и посветени сме на остварувањето на таа цел.

Успехот не е само дестинација – тоа е постојано патување. Секој чекор што го правиш денес те носи поблиску до иднината што ја посакуваш. Со правилен менталитет, неуморна дисциплина и вистинска посветеност, секој предизвик може да се надмине. Иднината им припаѓа на оние што истрајуваат. Продолжи да напредуваш, остани фокусиран/а и прифати го трудот што е потребен – успехот ќе следи. 

Кошница