ФИТНЕС

Тренинг Планови

Генерални
Програми

Тренинг Програми за во теретана и Дома
  • 100 + Видеа со Вежби
  • Вклучува 7 дневна бесплатна Програма
  • 8 Недели Калистеникс Програми
  • За Почетници
  • Средно ниво
  • Понапредни
  • Muscle up Програма
  • Стој на раце Програма
  • Street Lifting Програма
  • Програма за дома

Персонални
Програми

8 Недели Калистеникс Програма
  • 100 + Видеа со Вежби
  • За почетници до Понапредни
  • Калистеника
  • Калистеника со дополнителна тежина
  • Калистеникс Елементи ( стој на раце, Предна вага, Знаме, Пленч...)
  • Бодибилдинг и Фитнес

Персонално и Онлајн Менторство

Персонални Тренинзи
  • Персонална Програма
  • 1 Месец/12 тренинг часови
  • Калистенка
  • Калистеникс Елементи
  • Street Lifting
  • Бодибилдинг и Фитнес

Бојан Тошевски

Персонален Тренер

Моето спортско патување започна на седумгодишна возраст, кога првпат зачекорив во гимнастичката сала. Под водство на искусни тренери развив силна техничка основа, совладував статички позиции и градев дисциплина неопходна за еден спортист. Учеството на различни натпревари и освоените награди од Македонската гимнастичка федерација беа цврста основа за моите идни достигнувања.

На четиринаесетгодишна возраст, мојата страст кон спортот се прошири со откривањето на калистениката. Учествувајќи на натпревари и во Македонија и во странство, освојував бројни медали кои ми беа постојана мотивација да продолжам да напредувам и да ги поместувам сопствените граници.

Денес, горд сум што сум повеќекратен национален шампион во калистеника за 2019, 2021, 2022 и 2024 година, како и апсолутен победник на националниот стрит лифтинг натпревар во Ниш, Србија.

Од 2023 година, имам лиценца за бодибилдинг и фитнес тренер, како и за персонален тренер по калистеника. Дополнително, работам како инструктор за HIIT групни тренинзи. Мој приоритет секогаш се клиентите, а мојата цел е да креирам персонализирани и ефикасни тренинг-програми кои ќе ве водат на секој чекор од вашето фитнес патување.

Ако можеш да го замислиш, ти можеш да го направиш тоа 

Кошница